Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид синоќа беше заменет по само едно полувреме, и на негово место на голот застана Ареола.

Иако многумина сметаа дека Куртоа е сменет поради слабата форма, сепак, тоа не било така.

Имено, Белгиецот се пожалил на болки во стомакот, па дури морал и да повраќа во совлекувалната, и од тука Зидан се решил да го смени.

Ареола, пак, го заврши своето деби за „кралевите“ без примен гол, и тоа може да биде јасна препорака за Зидан. Инаку, Куртоа брани во очајна форма сезонава.