„Во секој момент Покетино може да даде отказ од тренерското место на Тотенхем“, пишува денешното издание на Дејли Мејл.

Открива дека Мурисио Покетино по „дебаклот“ од Баерн Минхен во ЛШ бил многу разочаран, и дека веќе не можел да го издржи товарот, и дека ќе поднесе оставка.

„На Тотенхем дефинитивно му треба нов менаџер. Односно, на Покетино веќе не му треба Тотенхем. Тој заслужува шанса во друг клуб. Но најпрво треба добро да се одмори“, пишува „Дејли Мејл“.

Дали Покетино ќе се реши да замине, или ќе го спасува „бродот кој тоне“, останува да се види.