Ливерпул си играше со нервите на навивачите, и за малку ќе испустеше водство од 3:0 над Ред Бул Салцбург во синоќешниот меч во Лигата на шампионите. Австрискиот тим успеа да стигне и да израмни на 3:3, а потоа Салах постигна уште еден погодок за триумф од 4:3.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по мечот истакна дека е среќен поради победата и најави дека секој натпревар за него во групата ќе биде тежок.

„Игравме одлично во првите 30 минути против добар противник. Дадовме три гола, потоа противникот ја смени играта, а ние немавме противигра.  Групата ни е тешка, и секој меч ќе биде тежок. Не сум незадоволен, видов дека игравме на ниво и после 3:3 не паднавме психолошки, туку баравме начин како да дојдеме до победа“, рече Клоп.