Луис Суарез и донесе победа на Барселона на дуелот против Интер, ги постигна двата гола за каталонскиот гигант.

По завршување на мечот интересна изјава даде неговиот тимски соиграч, Тер Штеген. Германецот го пофали искусниот напаѓач.

„Суарез со својот настап им ги затвори устата на многумина“, рече германскиот фудбалер, а потоа додаде:

Секогаш беше максимално фокусиран и даваше се од себе. Знаевме кој ни игра во нападот, тој секогаш е тука да постигне гол кога најмногу е потребно“.

Од друга страна пак фудбалерите на Интер беа незадоволни од судиите, тоа јавно го потенцираше Антонио Конте.