Два дена по натпреварот меѓу Манчестер Сити и Динамо Загреб во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, УЕФА обелодени дека е подготвена да покрене дисциплинска постапка против двата клуба поради однесувањето на навивачите на „Етихад“ за време на мечот.

И за домашните и за гостинските навивачи „обвиненијата“ се исти, дивеење на трибините и фрлање на тврди предмети на теренот.

Дисциплинската комисија на УЕФА заседава на 17 октомври, по што че се знаат и казните за двата клуба.