Во сабота се игра мега – дербито меѓу Шкендија и Вардар, а тетовци се соочуваат со големи проблеми во одбраната. Дека нешто не „штима“ во тој дел од тимот, најдобро говори податокот дека на двата последни меча со Вардар во купот и со Шкупи, истата прими четири голови, а можеше уште толку.

За првенствениот дуел со Вардар, тренерот Ерхан Селими си има големи проблеми. И онака тенкиот ростер во стоперската линија осетно е намален со супензијата на Константин Чешмеџиев, тој доби црвен картон на Чаир, и со повредата на капитенот и репрезентативецот Егзон Бејтулаи, кој се уште не се знае дека ќе игра во сабота.

Ако е нешто добро тоа е што Гледи Мици се враќа во тимот, но проблем плус е и повредата на шрвиот голман Костадин Захов. Како ли Селими ќе го состави тој дел од тимот во меч, кој можеби за Шкендија е и меч на есенскиот дел, ако не и на сезоната. Веројатно стопери ќе му бидат Садриу и Незири, десен бек Мурати, а лев Мици.