Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер призна дека славните денови на клубот од ерата на Фергусон се минато, но верува, дека младите играчи кои го носат дресот на англискиот великан се способни да постигнат успех.

Откако Фергусон се пензионира, многу тренери се „прошетаа“ во Јунајтед но ниту еден не остави трага. Премиер лигата одамна е недостижна, а Солскјер ги симнува на земја навивачите на клубот и сака да им каже да ги заборават на славните денови.

Веќе не сме деведесеттите. Тоа беше поинаква ера, поинаков тим. Заборавете на тоа. Tие славни денови на Јунајтед се минато. Сега е нова ера. Градиме нов тим. Знам, дека ќе има подеми и падови, но мислам дека ќе дојде времето на овие млади играчи да процветаат. Нема многу клубови во Европа кои се потпираат на млади сили. Ние тоа го правиме. Им даваме шанса и сигурен сум дека повеќето од нив ќе станат темел на овој тим“, изјави Норвежанецот.