Одбојкарската федерација на Македонија од денеска до 6 октомври ќе биде домаќин на третиот семинар на ЦЕВ за млади и талентирани судии, кој ќе се одржи во Скопје.

На семинарот ќе учествуваат 22 надежни судии од цела Европа, како предавачи покрај првиот човек на Судиската комисија на ЦЕВ, Лучиано Гаспари ќе се појават и Зорица Бјелиќ, доктор Зоран Николовски, како и интернационалните арбитри Епаминондас Героторорос и Фабрис Коладос.

Интересно е што ниту еден македонски млад и талентиран судија нема да биде дел од семинарот, затоа што учесниците ги бира ЦЕВ, додека посебна покана за следење на предавањата е испратена на сите наши меѓународни арбитри.

Како надополнување на овој семинар в недела, Судиската организација при ОФМ ќе одржи семинар за домашните судии во пресрет на новата сезона, кој е задолжителен за сите делители на правдата, а на кој како предавач ќе се појави Зорица Бјелиќ.