Се чини дека Езџијан Алиоски е во добра форма во пресрет на дуелите со Словенија и Полска. Попладнево во меч од редовното коло во Чемпионшип дивизијата, на гостувањето кај Милвол, тој беше стрелец за гостите во 46.минута.

Со тој гол нашиот репрезентативец намали на 2:1, имаше да се игра уште речиси едно цело полувреме, но тимот на Џани не успеа да дојде барем до бод. Овој пораз на Лидс е големо изненадување, имено се очекуваше сигурна победа на еден од фаворитите за првите места во оваа лига сезонава. Инаку ова беше трет гол на Алиоски во изминатите 10 кола за Лидс.