„Киксот“ на Баерн Минхен и поразот на домашен терен од Хофенхајм 1:2, не успеа да го искористи тимот на Борусија Дортмунд кој одигра само 2:2 со Фрајбург на гости. Дортмунд со тоа има три меча во серија во кои не може да ги победи своите противници.

Баерн Минхен прими гол на стартот од вториот дел, но Левандовски успеа да израмни. Сепак, три минути подоцна Хофенхајм со нов гол стигна до голем триумф.

Борусија, пак, имаше два пати водство над Фрајбург, но домашниот тим два пати се враќаше, вториот пат во 89. минута од средбата и така им„скина“ два важни бода на „милионерите“.

Мајнц го совлада Падерборн со 1:2 на гости, додека Баер Леверкузен и Лајпциг одиграа 1:1.