Вардар и Шкендија одиграа без голови на дербито во Првата лига, и разликата меѓу нив остана +9. Поблиску до триумфот беа тетовци кои имаа шанси и удари во вториот дел, меѓутоа Гачевски одново беше феноменален во Тетово, и по којзнае кој пат носи бод(ови) за лидерот. Да потсетиме дека исто така во Тетово со Ренова, Гачевски беше херојот кој одбрани „зицер“ во последните мигови.

Овој резултат му одговора целосно на Вардар со оглед дека успеа да ја задржи разликата, но и натаму ќе има уште дуели меѓу двата тима, а кај Вардар уште еднаш се покажа проблем „тенката“ клупа и заморот на фудбалерите.

Прв дел кој мина без поголеми возбудувања. Најпрво Аврамовски се обиде над голот, а потоа Имери со удар се закани од слободен удар, а топката отиде за малку над голот.

Во вториот дел, пак, беше подинамично, и тоа особено пред голот на Вардар. Гачевски беше херојот и одново спасителот на Вардарци и на овој дуел во Тетово. Најпрво Ибраими од слободен удар за кратко да ја одбие топката само до Имери, но повторно Гачевски одбрани. Голманот на Вардар ги бранеше и понатаму ударите на Бесарт, спаси неколку ситуации, но и одбраната заврши голема работа.

Шефити во 93. Минута имаше одлична прилика, но повторно Гачевски одбрани и не дозволи да биде совладан.

Жуниор мораше да остане на клупата за резерви на полувремето.

Контранападот на Вардар требаше да биде главно оружје во вториот дел, меѓутоа без посериозни шанси за гостите од овој дуел.

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР            0:0

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 6.000.

Судија: Димитар Мечкаровски.

Стрелци: /

Ж. Картони: Незири (Ш) – Младеновски, Брдаровски, Новак, Најдовски, Попзлатанов (В).

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Садриу, Мурати, Тотре, Алими, А. Ибраими (81’ Радески), Имери (65’ Шефити), Жуниор , Б. Ибраими.

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Младеновски, Новак, Адем, Најдовски, Брдаровски, Жуниор (46’ Колевски), Попзлатанов, Цветаноски (92’ Велковски), Аврамовски.