Вардар против Шкендија одигра без голови. Резултат кој наполно му одговора на моменталниот лидер на табелата. Вардарци во вториот дел можеби не беа на нивото, повеќе се бранеа, и се одбранија. Одеа на резултат кој го посакуваа, и дојдоа до него.

Шкендија имаше многу шанси, но во миговите кога требаше, тука беше Филип Гачевски кој одново спасуваше, ги оставаше Бесарт, Агим, Имери и останатите во „агонија“. Сега притисокот е на тетовскиот тим кој треба да врзе серија добри резултати ако сака да се надева на освојување на титулата. Вака заостанува многу зад конкурентот.

На трибините беше и селекторот Игор Ангеловски кој го следеше дуелот.