Херојот на Баерн Минхен на дуелот со Тотенхем во Лигата на шампионите не можел да оди во Баерн поради татко му, тоа го призна самиот фудбалер за клупското списание на најуспешниот клуб во Германија.

Имав десет години и бев бесен. Бев разочаран и плачев. Татко ми рече НЕ. Не сакаше да чуе за Баерн. Се убив од плачење, но тој остана ладнокрвен“, вели Гнарби кој даде четири гола во победата на Баерн над Тотенхем во Лондон.

Причината е што татко му се грижел за развојот на синот, а сметал дека Баерн не е средина за млади фудбалери. Тој му бил личен тренер на Серж, па дури на 12 години го пуштил во друг клуб.

Кога наполнив 12 години тој се согласи да отидам во Штутгарт. Сепак, морам да признаам дека неговата одлука не е погрешна“, призна Серж кој со Баерн потпиша во 2017 година.

Гнарби играше и во Арсенал, кратко беше во ВБА, па се врати во Германија потпишувајќи за најголемиот германски клуб.