Фудбалерите на Милан, конечно, впишаа победа во италијанската Серија А и со тоа барем малку го симнаа притисокот врз плеќите на тренерот Марко Џампаоло. Вечерва ја победи Џенова и тоа во гости со 2:1, но мора да кажеме дека имаа и среќа. Мечот освен голови го одбележаа и четири црвени картони.

„Росонерите“ повторно тргнаа без идеја и бледо, а Ласе Шене ги доведе џеновјаните во предност од слободен удар и киксот на голманот на Милан Пепе Реина. Пред крајот на полувремето поради неспортско однесување црвен картон доби Сапонара на клупата.

На почетокот на вториот дел Тео Ернандез изедначи, а веднаш потоа Џенова остана со играч помалку поради директен црвен картон на Бираски поради игра со рака во сопствениот шеснаесетник. Судијата покажа пенал за Милан кој во гол го претвори Франк Кеси. Се играше 93 минута кога судијата покажа пенал и за Џенова, но го промаши Шене. Четвртиот црвен картон го доби Кастиљехо на резервната клупа поради неспортско однесување.

Пандев ги одигра последните пет минути од мечот.