На вистинско место во вистинско време! Така може да се опише погодокот на македонскиот репрезентативец Висар Муслиу кој беше победнички за Мол Фехервар во дуелот со големиот ривал Дебрецин од 2:1. Фехервар е прв на табелата во унгарскиот шампионат.

Во првото полувреме резултатот беше изедначен, а во второто после корнерот на тимот на Фехервар и мешаницата, топката дојде до Муслиу на втората статива кој ја смести во голот. Инаку тоа е втор гол на некогашниот фудбалер на Шкендија во унгарскиот шампионат. За Фехервар играше и Бобан Николов.