Лорис Кариус сака да се врати во Ливерпул, откако ќе заврши неговиот двегодишен престој како позајмен фудбалер во турски Бешикташ. Германскиот голман ќе ги разгледа сите опции на крајот на сезоната и потоа ќе решава за неговата иднина.

26-годишниот голман, кој и натаму не престанува да прави катастрофални грешки на натпреварите на кои е стартер, вели дека е подготвен да се обиде повторно да ја добие довербата кај Јирген Клоп.

„Дали повторно ќе играм за Ливерпул? Секако дека тоа е опција и добра опција. Можеби ќе играм таму повторно. Никогаш не се знае. Сè уште е рано да заборуваме за тоа, но ако иднината нема да ми биде во Ливерпул, ќе се обидам сигурно со некој друг добар тим. Премиерлигата е најдобрата лига, така што секако тоа е примамливо за мене“, вели германскиот голман.