На еден час пред почетокот на мега – дербито меѓу Шкендија и Вардар, тренерите Селими и Васоски ги објавија стартните состави. Кај Шкендија нема поголеми изненадувања, во нападот се Бесарт и Агим Ибраими, Фелипе и Радески се на клупата, додека кај Вардар стартер ќе биде и младинецот Марио Младеновски, додека одличниот стопер Никола Серафимов не е во првите 11.