По првиот дел од дербито меѓу Шкендија и Вардар, мируваат мрежите на Захов и на Гачевски. Шкендија имаше две шанси, а Вардар само еден обид преку Аврамовкси. За Шкендија се закануваа Имери и Ибраими , но првиот пат Гачевски одбрани, а вториот пат топката „профуче“ над голот.

Имаше и мала тензија кон крајот на првиот дел на средината на теренот кога младиот Младеновски остро стартуваше над Тотре кој заврши со преврзана глава. Настана мешаница која Мечкаровски ја решаваше со картони. Така Вардарци добија четири јавни опомени во првиот дел.

По првиот дел нема голови ниту во Ѓорче на дуелот Македонија ЃП – Шкупи. Академија Пандев има водство над Силекс со гол на Дориев во 38. минута, а во Велес, Борец имаше негатива од Струга Трим Лум, нo успеа да израмни, потоа и да направи пресврт од 2:1. Но во финишот Стружани со нов гол и на полувреме е 2:2.