Календарот во Формула 1 за 2020 година денеска е официјално објавен, а ќе вклучува рекордни 22 трки.

Тоа значи дека ќе се намалат деновите за тестирања од 8 на 6. Тие пак ќе се одржат во Барселона во периодот од 19-21 февруари и потоа 26 и 28 истиот месец.

Инаку кампањата ќе започне на 15. март во Австралија и ќе заврши на 29 ноември во Абу Даби. Новите патеки се две и тоа Гран При на Виетнам на 5 април, а Гран При на Холандија на 3 мај.

СИТЕ ТРКИ И ДАТУМИ:

Австралија         15 март

Бахреин              22 март

Виетнам              5 април

Кина      19 април

Холандија          3 мај

Шпанија              10 мај

Монако               24 мај

Азербејџан 7 јуни

Канада 14 јуни

Франција            28 јуни

Австрија              5 јули

Обединетото Кралство               19 јули

Унгарија              2 август

Белгија                30 август

Италија               6 септември

Сингапур            20 септември

Русија   27 септември

Јапонија              11 октомври

САД       25 октомври

Мексико             1 ноември

Бразил 15 ноември

Абу Даби            29 ноември