Килијан Мбапе одново се пресили на листата на повредени играчи. Францускиот фудбалер само што се врати, и одигра против Бордо и против Галатасарај, го чека нова пауза. Настапот во Истанбул го чинеше нова повреда и нема да биде во составот на ПСЖ за дуелот против Ангрес.

„Килијан нема да игра. Не успеа целосно да ја санира претходната повреда, нервот прави одреден проблем“, изјави тренерот на францускиот првак, Томас Тухел.

Покрај Мбапе во составот на ПСЖ нема да биде и Кавани.