Златниот и сребрениот медал на СП во Доха во категоријата 5000 метри заминаа во Кенија. Хелен Обири истрча во време 14:26.72 доволно за одбрана на светското злато, а среброто го грабна сонародничката Маргарет Челимо Кипкембои. Бронзата отиде кај Германката Констанц Клостерхалфен.