При една неспретна реакција уште на стартот на мечот со екипата на Брајтон, првиот голман на Тотенхем, Уго Љорис заработи скршеница на раката и мораше да го напушти теренот. Повредата е сериозна, а болките ги принудија лекарите да го изнесат од теренот на насилка, притоа давајќи му и кислород. Останува да се сочекаат лекарските извештаи, но сигурно францускиот голмен долго време ќе паузира од терените.