Како резултат на тесната соработка помеѓу Одбојкарската федерација на Македонија, Македонскиот олимписки комитет (МОК), Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ), во периодот од 16 до 20 ноември годинава ќе биде организиран олимпискиот Технички курс за тренери односно “Volleyball Coaches Course Level 1”.

Предавањата кои ќе траат 35 дена од кои 30 дена ќе бидат како e-learning, a пет дена како практична обука, ќе ги води еден од најреномираните светски тренери, Филип Блан од Франција.

Учесниците кои ќе ја завршат “он-лајн” обуката и ќе постигнат резултат од 80 или повеќе поени, ќе добијат дигитален сертификат од ФИВБ. Со овој курс, ОФМ и МОК продолжуваат со инвестициите во стручниот тренерски кадар.