Во Втората лига – запад, во рамките од 7. коло Пелистер успеа со 3:1 да го победи Влазерими иако гостите уште во 2. минута поведоа. Но подоцна работите си дојдоа на своето место, Главевски на двапати, а претходно Бујчевски од пенал стрелаа за победа на Пелистер, за нови бодови и задржување на челната позиција на табелата. Кадино со 3:1 дома, на свој терен славеше над Кораби, додека најинтересно беше во Струга. Домашниот тим Лабуништа долго врее губеше, гостите преку Реџепи водеа со 1:0, но во финишот со головите на Љамчевски и Хасан, успеа Лабуништа да победи. Изненадување на Автокоманда, Дрита успеа да го победи Скопје со 1:0, а Вардар Форино со 4:1 беше убедлив со Охрид.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

ПЕЛИСТЕР – ВЛАЗЕРИМИ 3:1

КАДИНО – КОРАБИ 3:1

ЛАБУНИШТА – ГОСТИВАР 2:1

ВАРДАР (Ф) – ОХРИД 4:1

СКОПЈЕ – ДРИТА 0:1

 

ТАБЕЛА: 1. Пелистер 16, 2.Дрита 15, 3. Лабуништа 14, 4. Гостивар 11, 5. Скопје 10, 6. Влазерими 10, 7. Вардар 9, 8. Кораби 7, 9. Кадино 7, 10. Охрид 1