Тоа е Тиквеш. Една шанса, еден гол и победа за нови три бода лидерот на табелата во Втората лига – Исток. Стрелец на победничкиот гол беше Скендери во 64. минута.Кит Го колку и да се трудеше сепак не можеше ништо да стори, и тоа само поради фактот дека пехчевци не знаеја како да го погодат голот на кавадарчани. А имаа шанси, и тоа зицери. Прво Андонов во 58.минута, Игески брани, а потоа и Симевски нешто подоцна.Струмички „експрес“ на Могила во Прилеп, Беласица со 8:0 буквално го столчи Питу Гули, а петкратен стрелец беше Мартин Мирчески. Брегалница по пауза од три кола успеа да победи, и тоа во Пехчево и тоа против Победа. Наумов, Велинов од пенал и Наумоски беа стрелците за новите три бода за штипјани. Саса со 2:0 славеше на гости кај Плачковица а Кожув пак му се „истури“ на Осогово среде Кочани со 4:0.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

ПЛАЧКОВИЦА – САСА 0:2

ОСОГОВО – КОЖУФ 0:4

ПИТУ ГУЛИ – БЕЛАСИЦА 0:8

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 3:0

ТИКВЕШ – КИТ ГО 1:0

ТАБЕЛА: 1. Тиквеш 19, 2.Беласица 18, 3. Кожуф 17, 4. Брегалница 14, 5. Кит Го 9, 6.Саса 7, 7.Победа 6, 8.Плачковица 4, 9.Осогово 3, 10. Питу Гули 3