Македонски вицешампион Еурофарм Работник има густ распоред деновиве со настаните во СЕХА лигата, односно во саботата играше во Загреб, а утре веќе патува за Брест, Белорусија.
Така “фармацевтите” одлучија Скопје да им биде попатна станица, односно тие денеска одработија еден тренинг во СЦ “Борис Трајковски”, пред дуелот со Мешков Брест во СЕХА лигата.
Еурофарм Работник в вторник гостува во салата “Викторија” кај белорускиот првак во 5. коло од групата Б.