Попладнево од 15 часот под „Тумбе Кафе“ во Битола, составот на Пелистер кој воедно е и лидер на табелата во Втората лига – Запад, го дочекува Влазерими. Тим за респект, но битолските „зелени“ се фаворити на хартија и ако одиграат како што треба, тогаш големи се шансите бодовите да останат во градот на конзулите.

Своевидно дерби треба да биде мечот на Автокоманда меѓу Скопје и Дрита. Се среќаваат петтиот и вториот на табелата, тежок меч и за двете екипи, и секако многу значаен. Додека дерби на дното е дуелот меѓу Кадино и Кораби.

Во Гостивар тимот на Вардар Форино го дочекува Охрид, тим кој досега единствен во оваа конкуренција нема победа, и во Струга, амбициозниот тим на Лабуништа посакува победа против респектабилниот состав на Гостивар, можеби ова е дерби на 7. коло. 

 

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 15:00 Ч

ПЕЛИСТЕР – ВЛАЗЕРИМИ

КАДИНО – КОРАБИ

ЛАБУНИШТА – ГОСТИВАР

ВАРДАР (Ф) – ОХРИД

СКОПЈЕ – ДРИТА