Попладнево од 15 часот ќе се одиграат сите пет средби од Втората лига – Исток. Секако дека во центарот на вниманието е мечот во Пехчево, каде како домаќин Брегалница ја дочекува Победа. Се чини дека време е „сините“ да им се вратат на победите, тие веќе три кола немаат победа, од можни девет освоија само два бода.

Тиквеш пак на свој терен го дочекува Кит Го, ако сакаат кавадарчани и натаму да се лидери ќе мора да го победат секогаш мотивираниот состав од Пехчево. Беласица не би требало да има проблеми на гости кај Питу Гули, додека Кожуф ќе оди на „Никола Мантов“ во Кочани.

Се разбира дека ќе биде интересно, со Савов на клупата и со Стојков во нападот, Осогово  е нешто друго. Исто така интересно ќе биде и на средбата меѓу Плачковица и Саса. 

 

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 15 ЧАСОТ

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА

ТИКВЕШ – КИТ ГО

ПЛАЧКОВИЦА – САСА

ПИТУ ГУЛИ – БЕЛАСИЦА

ОСОГОВО – КОЖУФ