Јапонската тенисерка Наоми Осака го освои тенискиот турнир во Пекинг, откако денеска во финалниот меч беше подобра од првиот светски рекет, Австралијката Ешли Барти. Јапонката која е 4. на ВТА листата, славеше во финалниот меч со 2:1 по голема борба која траеше скоро два часа.

Барти го доби првиот сет со 6:3 и најави дека оди на нова ВТА круна, но Јапонката немаше намера да се предаде и во следните два сета со 6:3 и 6:2 успеа да се врати за победа.

За Осака ова беше 6. ВТА титула во кариерата.