Европската шампионка Малајка Михамбо од Германија е новата светска првенка во скок во далечина откако вечерва триумфираше убедливо во финалето со личен рекорд и најдобар резултат на светот за оваа година 7.30 метри. Таа беше единствената која имаше скок преку 7 метри.

Втора заврши освојувачката на европскиот сребрен медал Марина Бех-Романчук (Украина) со скок од 6.92 метри, а за сантиметар послаба беше африканската шампионка Езе Бруме од Нигерија.