Американката Ниа Али е победник на трката на 100 метри со пречки на Светското првенство во Доха. Таа го презеде водството после 50 метри и успеа да победи оставајќи ја сонародничката Кендра Харисон без злато на светските шампионати. Харисон инаку сопственичка на светскиот рекорд во оваа дисциплина (поставен на Митингот во Лондон во 2016) беше надмудрена. Али направи супер спринт во финишот и освен што постави личен рекорд 12.34 секунди го зема и златото.

А на Харисон и припадна среброто откако истрча во време од 12.46 секунди, додека Даниеле Вилијамс од Јамајка ја зема бронзата поставувајќи време 12.47 секунди.

Инаку светскиот рекорд на Харисон во оваа дисциплина 12.20 секунди.