Мирсад Јонуз е човекот кој со Влазнија прави чуда во шампионатот на Албанија. Денеска на гости кај Кукс, еден од најдобрите клубови кај нашиот западен сосед, успеа да победи со 2:1 и со тие три бода да се искачи на делба на првото место на табелата со 12 бодови по седум одиграни кола. Инаку друштво на Влазнија на врвот му прават екипите на Билис Бјалш, Теута и Скендербег. Јонуз, инаку еден од нашите најдобри и најпознати тренери, исто така екс селектор, уште еднаш покажа дека си ја знае работата. Иако со не така квалитетна екипа која што ја има на располагање, тој “гази“ во првенството на Албанија. Сега Влазнија со Македонецот на клупата гледа и кон излез во Европа, се разбира само ако продолжи со вакви, екстра квалитетни, игри и настапи.