Ф1 тимот на Мерцедес може да освои рекордната шеста последователна титула кај конструкторите уште оваа недела за време на трката за ГН на Јапонија. По изненадувачката двојна победа во Русија пред една недела, Мерцедес има предност од 162 поени пред Ферари, а по стартот во Јапонија ќе останат само уште 176 поени за раздавање. Ова значи дека доколку Луис Хамилтон и Валери Ботас освојат 14 поени повеќе од Чарлс Леклер и Себастијан Фетел во недела, тие ќе ја запечатат титулата на Мерцедес.

На овој начин, Мерцедес ќе стане само вториот Ф1 тим во историјата која ќе освои шест последователни титули кај конструкторите по Ферари, кому тоа му успеа меѓу 1999-2004 година.