Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси полека се враќа во форма по долгата пауза поради повреда, а по синоќешната победа од 4::0 против Севиља на Камп Ноу, Аргентинецот ги изненади сите.

Меси го прекрши своето правило и тој прејде на противнички играч за да побара смена на дресови.

Претходно неколку фудбалери на Севиља му пријдоа и го побараа истото од него, но тој ги одби и се упати кон сонародникот Евер Банега и му предложи смена на дресови.

Ел Мундо Депортиво пишува дека Меси никогаш не бара прв дрес од противник, но постои еден исклучок, а тоа е доколку противничкиот играч е Аргентинец.

Меси и Банега ги сменија дресовите и притоа си помуабетија по натпреварот.