Поради лошиот старт на сезоната Сампдорија и тренерот Еузебио ди Франческо се разделија. Клубот од Џенова потврди дека тие и тренерот се согласиле на обостран раскин на договорот, а паднал договор Ди Франческо да добие 1,8 милиони евра или да му биде исплатена платата од првата година од тригодишниот договор со клубот.

Поранешниот стратег на Рома се пресели на Мараси летоска, но шесте порази и само една победа во седум натпревари во Серија А го ставија клубот во долниот дел на табелата.

Се шпекулира дека Бепе Јакини ќе седне на негово место. Тој веќе работеше со Сампдорија кога ги врати во Серија А во 2012 година.