Реал Мадрид и Јувентус влегуваат во трка за 28-годишниот француски играч за врска во редовите на Челзи, Н’Голо Канте, пишува каталонски Спорт.

Според него „Зинедин Зидан обожува она што Канте го прави на теренот“, а на Реал му е потребен играч како него со оглед на тоа дека и Куртоа и Азар не ги исполнија очекувањата. Исто така во Канте гледаат играч кој би можел да ја води средината во следните пет години.

За услугите на Французинот загреан е и Маурицио Сари, кој можеше од прва рака да ги види квалитетите на Канте како тренер на Челзи.

Канте има договор со Челзи до 2023 година,а доколку некој сака да го откупи неговиот договор, тој најмалку ќе чини 100 милиони евра.