Каталонскиот гигант може да се најде во големи проблеми следното лето, открива „ЕСПН“. Барселона мора да заработи 125 милиони евра од продажба на фудбалери за да не ја загрози финансиската стабилност и да избегне истрага за финансискиот фер-плеј.

Кутињо и Ракитиќ се двајцата играчи кои брзо можат да ја решат оваа ситуација. Бразилецот игра како позајмица и доколку продолжи да пружи добри партии, „баварците“ ќе го откупат неговиот договор. Неговата откупна клаузула изнесува 120 милиони евра, сума која е повеќе од доволна.

За Ракитиќ пак се заинтересирани неколку клубови, Хрватот може да го облече дресот на ПСЖ, Интер или Јувентус.