Германски Билд пишува дека Томас Милер размислува да го напушти Баерн Минхен, клубот вво кој ја мина целата своја кариера, а во кој дојде како 11-годишен фудбалер во 2000 година.

Германскиот офанзевец е разочаран од статусот кој го има кај Нико Ковач.

Милер не сакал јавно да го крритикува тренерот, но својата фрустрација ја искажал во разговорите со дел од клупските соиграчи. Причината за ова е што Милер има одиграно само 66 минути во последните пет натпревари.

Неговата минутажа се намали со доаѓањето на Кутињо од Барселона, а планот на Баерн е да го откупи неговиот договор за 120 милиони евра, што би значело и уште помала минутажа за Милер во Минхен.

„Ако ситуацијата не се смени во следните неколку недели можно е Милер да замине“ – пишува Билд, додавајќи дека фудбалерот е разочаран и затоа што на година дена до истекување на неговиот договор, клубот не му има понудено нов.

Милер со Баерн Минхен има освоено 21 трофеј, а постигнато 186 гола и одиграно 495 натпревари.