Од денеска и официјално, како што синоќа СПОРТМЕДИА најави, Ернест Ѓока е новиот шеф на стручниот штаб на Шкендија. Албанскиот стратег е 14-ти тренер кој ќе шефува со екипата во времето на „Еколог“, и тоа од јули 2013 па до сега. Сепак треба да кажеме дека во овие шест години и три месеци, дел од тие тренери беа по трипати, а Селими и Дуро по двапати. 

Навистина е „жешко“ столчето на еден од нашите најголеми и најтрофејни клубови, кој во минатите две сезони беше првак на Македонија а во последните четири сезони дури трипати играше во плеј – офот во Лигата на Европа. Има и три финалиња во Купот, а двапати го освои пехарот. 

САМО ЌАТО ИЗДРЖА ДВЕ ГОДИНИ

Инаку „Еколог“ тргна со Ѓоре Јовановски, па следуваше Шпетим Дуро, па Рој Ференчина, па Јетон Беќири, па Ардијан Кознику, па повторно Беќири, па повторно Дуро, дојде ред и на Бруно Акраповиќ, па по третпат Беќири, во Тетово кусо беше Томас Брдариќ, па Ерхан Селими, единственио Ќатип Османи издржа две години  и неколку месеци, па пак Селими и сега е Ернест Ѓокај. За 75 месеци имало 14 тренерски назначувања, или во просек на секои 5.5 месеци Шкендија менувала тренер. Навистина раритет и во светски рамки, не само во македонски. И од сите тие само Османи освои две титули и куп, и Бруно Акраповиќ освои куп, и само овие двајца ја однесоа Шкендија пред портите на групната фаза во Лигата на Европа. 

ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ (јули 2013- ноември 2013)

ШПЕТИМ ДУРО (ноември 2013 – јуни 2014)

РОЈ ФЕРЕНЧИНА (јуни 2014 – септември 2014)

ЈЕТОН БЕЌИРИ (септември 2014 – октомври 2014)

АРДИЈАН КОЗНИКУ (октомври 2014 – март 2015)

ЈЕТОН БЕЌИРИ (март 2015 – јуни 2015)

ШПЕТИМ ДУРО (јуни 2015 – декември 2015)

БРУНО АКРАПОВИЌ (декември 2015 – октомври 2016)

ЈЕТОН БЕЌИРИ (октомври 2016 – декември 2016)

ТОМАС БРДАРИЌ (декември 2016 – мај 2017)

ЕРХАН СЕЛИМИ (мај 2017 – јуни 2017)

ЌАТИП ОСМАНИ (јуни 2017 – септември 2019)

ЕРХАН СЕЛИМИ (септември 2019 – октомври 2019)

ЕРНЕСТ ЃОКА (октомври 2019 – ???)