Фудбалерите на Барселона за минатата сезона поделиле премии во висина од неверојатни 92 милиони евра.
Ова го покажа последниот финансиски извештај на клубот за изминатата сезона, 2018/19. Премиите биле поделени за освојувањето на шампионскат атитула во Ла Лига, но и за победата во шпанскиот Суперкуп. Сумата е за три милиони евра поголема од она што играчите ги добија како бонус во 2015 година, кога се делеа рекордни премии.
Клубот потрошил вкупно 541 милиони евра на персоналот во сите екипи, од кои дури 311,9 милиони евра отишле во џебовите на тренерите и играчите.