Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ го објави списокот од 21 ракометар за претстојната ЕХФ Недела, а прашан зошто средниот бек на Вардар, Сташ Скубе не е меѓу повиканите, Вујо објасни.

„Сташ е брилијантен организатор на играта, но не толерира конкуренција. Во Горење, Сегед и Вардар беше алфа и омега. Во нашата репрезентација конкуренцијата е исклучителна, затоа не сакам да му се јавам. Ако го сторам тоа ќе морам да му кажам дека тој не оди на ЕП “, изјави Вујовиќ за словенечките медиуми.

На списокот на Вујовиќ недостасуваат и Марко Безјак и капитенот Вик Кавтичник, кои ќе одмораат во оваа акција.