Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, наскоро може да се врати в италијанската Серија А. Иако неговото име се поврзуваше со Милан, сепак, за Гатузо во моментов најзагреана е Сампдорија.

Вчера, тимот од Џенова му врачи отказ на Еузебио Ди Франческо и веќе е во потрага по нов стратег. Претседателот на клубот, Масимо Фереро, се обидува да го убеди Гатузо да го предводи тимот до крајот на сезоната.

Преговорите се во тек, а наскоро се очекува и конкретен одговор од екс-италијанскиот репрезентативец.