Голема трагедија се случи на велосипедска трка во Италија, каде 22-годишниот Џовани Ианели го загуби животот.

Трката се возела на дожд и мокра патека, а во завршната фаза од трката Ианели, кој се движел со 60 километри на час ја загубил контролата над велосипедот и се забил во бетонски столб. Од силината на ударот неговата кацига била преполовена, а тој се онесвестил.

Веднаш му била укажана прва помош и бил пренесен во болница каде паднал во кома. Сепак од силината на ударот имал големо внатрешно крварење и им подлегнал на повредите.