Првото интервју на Ернест Ѓока, новиот тренер на Шкендија, беше за клупскиот сајт. Албанскиот стратег веднаш по потпипувањето на договорот и промоцијата, изјави…

„Мислам дека дојдов во клуб како Шкендија, што е, пред сè, професионален клуб и многу внимателно конструиран. Првите впечатоци ми се многу добри и мислам и се надевам дека ќе ги имам овие впечатоци што ги имам денеска цело време додека ќе работам овде. Подготвен сум за овој предизвик, затоа што е познато дека од Шкендија се бара сè. А тоа да биде успешен цело време, да биде шампион, да оди во Лигата на Европа, да ги достигне тимовите во Лигата на Европа или зошто не и Лигата на шампионите“, потенцираше Ѓока.

Ернест Ѓока е еден од тренерите кој во последните години освои трофеи во Албанија, со тоа што го тренираше Кукс двапати, со него и триумфираше во албанската Супер лига и Купот на Албанија. Покрај Кукес, Ѓока во својата кариера како тренер има работено и со Влазнија, Камза, Фљамуртари на Валона, Томори и Аполонија.