За крајот време најавата за фузија на двата битолски тима ќе се биде реализирана, овој град ќе ги добие Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Општина Битола го објави предлог договорот меѓу Пелистер и Еурофарм Работник и тој и е достапен на јавноста на увид.

Главниот спонзор за Работник преку соопштение потврди дека остануваат истрајни во желбата за реализација на договорот.

„Компанијата Еурофарм и РК Еурофарм Работник во изминатиов период сесрдно се залагаа за реализација на Договорот со Општина Битола за уредување на капиталната и управувачка структура со ракометниот клуб Пелистер.

Нашите залагања и желба за реализација на „Платформата за ракометна Битола“ беа основна цел со која влеговме во преговорите, а сето тоа да биде на задоволство на сите љубители на ракометот во Битола. Нашиот град оваа ракометна сезона е на картата на ракометна Европа каде што нашите клубови заслужуваат свое место и резултати кои ќе се паметат.

Еурофарм и Еурофарм Работник остануваат истрајни во желбата за успешна реализација на овој договор и во очекување на разрешување на сите економски и правни прашања кои во моментов се наметнуваат“, се вели во соопштението.