Ернест Ѓока, новиот тренер на Шкендија, во февруари минатата година во Скадар, бил нападнат со нож од три лица. Информациите велат дека тој сепак го избегнал нападот, а некои пак велат дека бил прободен и завршил во болница. По тој напад полицијата брзо реагирала и ги уапсила осомничените во нападот на Ѓока. Се потсетуваме дека тие денови поголем број медиуми на Балканот пишуваа за тој скандал. Од друга страна до ден денешен официјално не е познато каква била причината за тој напад врз Ѓока, кои биле мотивите.

СЛЕДУВА ПРОМОЦИЈАТА ВО ТЕТОВО

За само 9. кола одиграни сезонава во ПМФЛ, Шкендија ќе добие и трет тренер. По Ќатип Османи и Ерган Селими, од денеска нов стратег на шампионот ќе биде Ернест Ѓока, тренер од Албанија, роден 1970 година а досега бил шеф на стручниот штаб на Кукс, Камза, Влазнија, Фљамуртари. Во текот на денешниот ден тој Тетово треба да го стави својот потпис а потоа ќе следува и официјална промоција.

Интересно е тоа што кога Шкендија, барем во периодот на „Еколог“ од 2013 година до сега, менувала тренер среде сезона, не станува првак. Шкендија беше шамппион само во ерата на Ќатип Османи кога тој можеше да „истера“ две сезони без да биде сменет. Истото тоа се однесува и на ривалот на тетовци, Вардар. И кога таму се менувале тренери среде сезона, како што беше во изминатите неколку првенства, Вардар не бил првак.

Кога сме кај Шкендија, да споменемен дека во изминатите месец и половина, откако Османи доби отказ, раководството на клубот преговараше со повеќе имиња, како Илир Даја, Томислав Стипиќ, потоа Јетон Беќири, Бруно Акраповиќ, за да на крај се реши за Ернест Ѓока. Ќе видиме како тој ќе се снајде на „жешката“ клупа на тетовскиот клуб, и дали тој ќе има сила и знаење да го извлече тимот од кризата која го дрма веќе неколку месеци.