Марко Џампаоло е минато, Милан го продолжува својот проект со нов тренер. Откако Џампаоло е трнат од кормилото, раководството веднаш пронајде негов наследник. Бобан и Малдини бргу го договорија Стефано Пиоли, поранешниот стратег на Фиорентина и Интер.

Пиоли се согласил на договор за годишна плата од 1,5 милиони евра. Стручњакот ќе биде претставен утре, а потоа ќе го одработи тренингот со „росонерите“. Првичниот план бил Лучано Спалети но откако овој тренер го откачи миланскиот клуб, Малдини и Бобан се свртеа на резервната варијанта Пиоли, кој воедно е и поефтина варијанта.

Неговата стратегија е 4-3-3 што значи дека ќе гледаме поофанзивен фудбал и поголема активност од Сусо и Чаланоглу кои беа заспани на почетокот на сезоната.

Пиоли има задача да го раздрма Милан и да почна да го искачува кон врвот на табелата.

Навивачите на Милан не им смета тоа што Пиоли претходно бил тренер на најлутиот ривал Интер, туку ги лути управата со нивните несфатливи потези. Фановите прашуваат дали раководството воопшто има проект или некаков план по кој треба да се насочи клубот затоа што по тоа што се случува сметаат дека никој нема визија како треба да изгледа идниот Милан.

Станавме клуб за потсмев. Мислиме дека го допревме дното. Не личиме на ништо. Затоа го прашуваме раководството дали навистина имаат проект или само така кажуваат. Велат дека е почнат проект за подмладување со оглед на тоа дека не можеме  да си дозволиме топ-играчи, барем не засега. Одлучија да вметнат млади играчи, го донесоа Џампаоло да го ’испегла’ сето тоа, а следуваше тотален крах на системот. Летниот преоден рок беше лошо одработен. Ниту еден од играчите кои ги планираа не го донесоа, туку дојдоа оние кои воопшто не беа прв избор. Во изминатите години курсот неколкупати се менува – што ни покажува дека раководството нема јасна визија што треба да работи. Тимот и тренерите се најмалку виновни. Треба да погледнеме кон раководството. Можеби таму треба да се менува нешто…“, стои меѓу другото во писмото на навивачите на Милан.