Досегашниот член на Работнички, Рино Ајдини е нов член на хрватски Драговољац.
Второлигашот одлучи да го ангажира младиот и перспективен играч, кој досега беше член на младинскиот погон на тимот од Дебар Мало и да му даде шанса да се докажува на интернационално ниво.
Ајдини кој има 19 години најдобро се снаоѓа во дефанизивните задачи во тимот, тој веќе настапи на неколку мечеви. Од таборот на харватскиот второлигаш се надеваат дека со помош на Ајдини ќе успеат да го избегнат последното место на табелата.