На утринскиот тренинг на нашата репрезентацијата, дефанзивецот Висар Муслиу даде свој коментар за она што не очекува во четврток на дуелот со Словенија во Скопје.

„Во Словенија имавме резултат кој го посакувавме. Не беа три бода, но сега имаме шанса да ги освоиме сите три бода. Со последните два меча успеавме да се вратиме во трка за второто место, но тоа треба да го потврдиме на следниве мечеви. Ги знаеме нашите квалитети, ако одиграме тимски може да стигнеме до целта“, вели Муслиу.