Општина Битола го објави предлог договорот за фузија на ракометните клубови Пелистер и Еурофарм Работник и тој и е достапен на јавноста на увид. Договорот за уредување на капиталната и управувачка структура на двата ракометни клуба треба да биде усвоен на седница на Советот на Општина Битола, а истиот е изработен по низа на состаноци. Она што останува е само да се направи книговодствено усогласување, кое не е извршено бидејќи Општина Битола нема добиено уредна документација од РК „Пелистер“.

Минатата недела по вторпат до Управниот одбор на РК „Пелистер“ побарано е да се изврши книговодствено усогласување за да може процесот да добие и финална завршница.

Комплетниот договор може да го погледнете ТУКА.